31.08.2019
- астротека
- Aug 31, 2019
- 1 min read
Време е за будење!
На небото во моментов дури 5 планети се во Девица и се дополнително појачани со енергијата на младата месечина, исто од Девица - време е да прогледаме. Девицата ни ги отвора очите и прави да можеме да ги видиме работите кои вообичаено не ги гледаме, да ги идентификуваме пречките и да ни стане јасно што треба да промениме за да живееме поисполнет живот. Денеска е идеален ден за почеток на духовно прочистување, но и за покајание. Се отвара портал кон нашите минати искуства, грешки и негативни моменти, со цел да научиме од нив. Ќе можеме од поинаква перспектива да согледаме, која била нашата грешка, како сме можеле поинаку да делуваме и слично со цел да во иднина при исти или слични ситуации се однесуваме поинаку и духовно пораснеме. Ако доволно се посветиме и навистина се промениме , ќе ја трансформираме негативната енергија, во позитивна. Ова е период на вистинско будење и себе-спознавање, можност да ги промениме нештата кои не ни се допаѓаат, за да ја имаме посакуваната иднина. Моќта да се почне од почеток, е во наши раце и е еден од најдобрите подароци што ги имаме. Слободно притиснете го ре-старт копчето!

Commentaires