05.09.2019
- астротека
- Sep 5, 2019
- 1 min read
Меркур во Девица, прави тригон со Сатурн во Јарец! Време е да го добиеме она за кое што работевме напорно изминатиот период. Денес, Универзумот ги дели благодетите. Сила, стабилност и успех се очекуваат од ваква силна комбинација на земјени елементи, која во нас буди истрајност и постојаност. Денес не дозволувајте да Ви пречи рутината и вообичаените постојани нешта, напротив-прифатете ја. Тоа е патот до стабилноста. Одвојте време за поразговарате со повозрасните, денес е ден кога сте прецизни во размислувањата и може да донесете важни животни одлуки, па советите од помудрите може добро да Ви дојдат. Ако пак сте повозрасни...понудете му се на некој помлад со совет од Вашето искуство. Честопати најголемите успеси не ги нижат најталентираните и најинтелегентните, туку тие со најголема желба, најупорните и најистрајните.

Comments