04.09.2019
- астротека
- Sep 4, 2019
- 1 min read
Венера во опозиција на Нептун-внимавајте како ја перцепирате реалноста, особено во полето на љубовта и финансиите. Енергијата на Девицата, која е активна цел месец ќе ни помогне да останеме приземјени и да ги согледаме јасно фактите. Ќе бидеме поразумни, пологични и попрактични во нашиот пристап кон работите. Од друга страна Нептун не прави подложни на фантазии и илузии, што силно влијае на нашата способност чисто да ја видиме реалноста. Овој аспект има и позитивен ефект-поотворени сме за љубов, духовност и длабоки емоции. Но, денес во опозиција со Венера, нема да е таков случајот. Голема е веројатноста да сме фокусирани само на своите фантазии и соништа, што води кон илузии и дисконекција од реалноста. Убавината на Девицата е согледување на реалноста, нејзината енергија се смета за најблиска до онаа на Креаторот и таа точно знае на кому и на што е потребно да му го посветите Вашето внимание, па дури и да помогнете. Па, пробајте со нејзина помош да го намалите илузионистичкиот ефект на Нептун.

Commentaires