06.09.2019
- астротека
- Sep 6, 2019
- 1 min read
Кога Плутон е во позитивен аспект, ја гледаме вистината и подлабоките значења на работите, енергијата е препородувачка. Денес Плутон е во тригон со Венера-имаме можност да ги отстраниме психичките бариери, да ја поправиме негативната енергија во врските, но можно е да чуеме или да издадеме некоја тајна. Но,ова не е лошо..тајната што ја носите или што е можно да ја чуете е пречка за да подлабоко го разберете партнерот, а и тој Вас. Од како ќе се откријат нештата, почист ќе е воздухот. Овој тригон може позитивно да влијае и на Вашите финансии. Реагирајте мудро при изборите и можностите, за да постигнете резултати. Вклучете ја свеста и активно користете ја во секоја ситуација. Набљудувајте го и оноа, кое навидум е невидливо. Нашите емоции, сетила и енергија. Нурнете во себе и разбудете ја својата спиритуалност, така најбрзо ќе ги материјализирате соништата.

Comentarios