27.08.2019
- астротека
- Aug 27, 2019
- 1 min read
Updated: Aug 28, 2019
Одвојте време и за оние околу Вас
Со дури 5 планети во земјените знаци, денес со сигурност можеме да имаме корист од нежниот и чувствителен ефект на Месечината во Рак. Земјените знаци се познати по тоа што скоро секогаш ги завршуваат работите, без разлика на околностите од страна, тие не дозволуваат ништо да ги оттргне од патот. Но, понекогаш треба да запреме и да погледнеме околу себе. Понекогаш е важно да сме отворени за она што другите сакаат да ни го кажат или пак како се чувствуваат. Месечината во Рак ни дава способност да ги отвориме нашите очи и срца кон околината, додека вредно работиме и на себе. Превземете иницијатива и искористете го овој поволен момент. Денес, запомнете- Направете пауза и активно обратете внимание на нештата околу Вас, на луѓето околу Вас. Кои се нивните чувства и мислења?! Бидете подобар пријател и помогнете им во предизвиците. Успехот во животот не се само парите и работата, туку и пријателите.

Comments