Сонце, Месечина и Подзнак - Светото тројство во астрологијата...
- астротека
- Aug 24, 2019
- 2 min read

Сонцето. Месечината и Вашиот подзнак, како и нивната поставеност се најважната работа во Вашата натална карта, од тука и името Светото тројство.
Најважни се, затоа што секое од овие 3 игра клучна улога во тоа кои сме ние.
Сакате да дознаете, како овие аспекти делуваат на нас?! - Одиме по ред:
Сонцето го претставува Вашето вистинско ЈАС! Личноста која што е на сцена кога сте сами дома или опкружени со најблиските. Знакот и полето во кое се наоѓа Вашето натално сонце ги покажуваат околностите при кои Вие сјаете во полн сјај.
Месечината е всушност Вашата емотивна страна. Поставеноста на Месечината го покажува начинот на кој Вие реагирате кога сте соочени со емотивна ситуација, како и тоа што Ви е потребно за да се чувствувате емоционално исполнети и сигурни. Секој човек различно реагира на емотивни ситуации и на секого му е потребна различна околина за постигнување на емоционална стабилност, Вашата натална месечина го покажува токму тоа.
Вашиот подзнак е знакот кој што се наоѓа на почетокот на првото поле во Вашата натална карта. Тоа е всушност знакот кој што е на истокот на хоризонтот во моментот на Вашето раѓање. Ако Сонцето е Вашето вистинско внатрешно ЈАС, тогаш подзнакот е Вашата надворешна фасада, страната која тие од надвор ја гледаат и која ја покажувате во друштво на помалку познати луѓе.
Ако Вашето Сонце или Месечина се во конјункција со друга планета, влијанието на таа планета кон овие тела може да го чувствувате посилно, од колку знакот или полето во кои се натално поставени. Па за поточно читање на наталната проверете со кој знак управува планетата која е во конјункција и при толкувањето земете ги во предвид карактеристиките од нејзиниот знак.
Yorumlar