Меркур, Венера и Марс - Личните планети
- астротека
- Aug 25, 2019
- 1 min read

Меркур, Венера и Марс поради својата близина до планетата Земја имат прилично влијание во нашите натални карти, па од тука ги нарекуваме и "лични планети". Меркур владее со Вашиот ум. Неговата поставеност укажува на кој начин најдобро учите и комуницирате. Како ги искажувате Ваште мисли и идеи и како размислувате. Знакот и полето во кои се наоѓа Вашиот натален Меркур, најчесто се предмет на Вашиот фокус. Венера, планетата на љубовта владее со Вашите врски и односи во партнерствата, на љубовен, но и на бизнис план. Оваа планета покажува што Ви е потребно и што барате од една врска, какви сте Вие кога сте во врска , но и што е предмет на Ваше внимание и уживање вон врските (уметност, музика и сл.), Марс владее со Вашата воља и енергија. Од наталниот Марс, можеме да видиме што Ве мотивира, на кој начин делувате и колку енергија поседувате. Дали сакате се на брзина или е за Вас во ред и кога споро се одвиваат работите? Дали највеќе Ве привлекува емоционална, физичка или психичка енергија? На се ова, одговорот е во поставеноста на Вашиот Марс. Ако во Вашата натална карта, Меркур, Венера или Марс се ретроградни се смета за еден од најважните аспекти во истата. Ова значи дека во Вашиот живот, особено внимание ќе треба да обрнете на развој на карактеристиките на засегнатата планета. Во "лични планети" покрај овие, влегуваат и наталните Сонце и Месечина, за кои повеќе можете да прочитате, тука: link
Comentários